Доцна во ноќта Рома потврди засилување во нападот.
Нов фудбалер на Рома денес ќе стане Хрватот Никола Калиниќ откако доцна во минатата ноќ пристигна во Рим.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Хрватскиот фудбалер пристигнува од Атлетико Мадрид на едногодишна позајмица со право на откуп.
Калиниќ оваа сезона ќе заработи 2.4 милиони евра, а Рома ќе има можност да го откупи неговиот договор за девет милиони евра.
„Среќен сум што сум повторно во Италија“, кратко им порача Калиниќ на новинарите.

? Nikola Kalinic ? pic.twitter.com/NyDDqrWnPg
— AS Roma (@OfficialASRoma) September 1, 2019