Дома Фудбал Италија Ромањоли: Не е вистина дека ја демолиравме соблекувалната на Јуве!

Ромањоли: Не е вистина дека ја демолиравме соблекувалната на Јуве!

Италијанските медиуми пишуваа дека фудбалерите на Милан, после поразот во Торино од Јувентус, незадоволни од одлуките на судијата, ја демолирале соблекувалната на „старата дама“.

Низ италијанските медиуми кружеа информации дека поради незадоволството од одлуките на судиите, фудбалерите на Милан направиле штета во соблекувалната на стадионот во Торино, а дури имаше натписи дека биле и скршени витрините со трофеи на Јувентус.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли тврди категорично ги демантираше таквите медиумиски тврдења.

„Ништо од тоа што се зборуваше после натпреварот Јувентус – Милан не е точно. Никој не ги допре репликите од Скудетото на ѕидовите. Ние само се истуширавме, а потоа ја напуштивме соблекувалната“, порача стоперот на Милан.

Ромањоли потоа направи споредба помеѓу Буфон и Донарума.

„Буфон според мене е најдобриот голман на сите времиња. Донарума сега ја започнува кариерата и има квалитет да направи кариера како Џиџи. Иако е многу млад навистина е неверојатен и ни влева сигурност на нас дефанзивците“, изјави италијанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти ќе добие понуда која не се одбива, следува голем потпис!

Карло Анчелоти влегува во златниот период на својата тренерска кариера и се чини дека нема…