Сезоната во Лигата на Шампионите се приближува до самиот крај и веќе е познато дека едниот клуб кој ќе игра во финалето е Јувентус.
Вечерва ќе го добиеме и вториот финалист, односно кој ќе биде противникот на „Старата дама“ во финалето кое ќе биде одиграно на 3 јуни во Кардиф. Најверојатно тоа ќе биде Реал Мадрид кој ќе го брани резултатот од 3:0 од првиот натпревар против Атлетико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така, непознато е кој ќе биде главниот судија на финалниот натпревар, а според некои информаии од српските и европските медиуми, во игра останале само двајца кандидати.
УЕФА имала направено мал список од тројца судии кои конкурирале за најважниот натпревар во Лигата на Шампионите, а на таа листа биле Џанлука Роки, Дамир Скомина и Милорад Мажиќ.
Поради пласманот на Јувентус во финалето Роки отпадна поради тоа што е Италијанец и не смее да ја дели правдата на тој дуел, па така во конкуренција останаа само двајцата Балканци.
Поголеми шанси за да суди во финалето има Мажич, кој од почеток на нокаут-фазата нема судено на ниту еден натпревар во ЛШ, додека Словенецот ја делеше правдата на четвртфиналниот натпревар помеѓу Монако и Дортмунд.
Вреди да се напомене дека Џенеит Чакир и Феликс Брих, кој исто така многу добро котираат во УЕФА, во терминот кога ќе се одигра финалето ќе судат на Светското првенство за играчи до 20 години кое се игра во Јужна Кореја, така да, со тоа дополнително се намалува бројот на кандидати за финалето на ЛШ.