Дома Трансфер зона Роберто Манчини се враќа во Премиер лигата, но не во Евертон?

Роберто Манчини се враќа во Премиер лигата, но не во Евертон?

Менаџерот на Вест Хем Славен Билиќ би можел веднаш по Роналд Куман да биде следниот менаџер во Премиер лигата кој ќе заработи отказ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Чеканите“ изминатиот викенд запишаа убедлив пораз од Брајтон со 3:0 и се наоѓаат на 16 место на табелата во Премиер лигата со само осум бодови од девет натпревари во Премиер лигата.

Англиските медиуми утрово пренесуваат дека само прашање на време е кога Билиќ ќе биде отпуштен, а како главен кандидат за негов наследник е актуелниот менаџер на Зенит, Роберто Манчини.

На Манчини во овој момент одлично му оди со Зенит во руското првенство, но нема соменвање дека враќање во Англија за Италијанецот би била примамлива опција.

Да потсетиме, Манчини со Манчестер Сити стигна и до шампионската титула во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…