Дома Фудбал Репрезентации Роберто Манчини објасни зошто ја прифатил понудата од Саудиска Арабија

Роберто Манчини објасни зошто ја прифатил понудата од Саудиска Арабија

Роберто Манчини неодамна поднесе оставка од селекторската позиција на Италија, која ја водеше од 2018 година, а веднаш потоа најде нов ангажман и стана тренер на Саудиска Арабија.

Манчини ќе добива околу 30 милиони евра годишно и најверојатно паричната понуда била причина поради која реши да се пресели во богатата земја.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Возбуден сум што доаѓам во Саудиска Арабија. Чест ми е да ја предводам оваа селекција. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Јасер Ал Мисехал за понудата. Го прифатив овој возбудлив проект и сакам да помогнам во развој на фудбалот во оваа земја. Верувам дека оваа задача е исто така признание за важноста на италијанскиот фудбал“, кажа Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…