Дома Фудбал Репрезентации Роберто Манчини го продолжи договорот

Роберто Манчини го продолжи договорот

Италијанскиот сојуз потврди дека Роберто Манчини ќе биде селектор на Аѕурите и во наредните пет години.

Манчини го продолжи договорот до 2026. година, што значи уште три квалификациски турнири и три големи натпреварувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Италија се задоволни од работата на Манчини и резултатите кои ги покажа во досегашниот ангажман.

Па така, Манчини покрај Европското првенство ова лето и квалификациите за СП 2022, ќе биде селектор и во квалификациите за ЕП 2024 и за Мундијалот 2026. година.

Оваа вест ја потврдија водечките италијански медиуми, а тамошната јавност очекува Манчини ова лето да ја однесе Италија до самата завршница на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…