Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Баерн Минхен викендов неочекувано ремизираше против Келн (1:1), но за Анчелоти многу поголем проблем од ремито е однесувањето на Арјен Робен.
Холанѓанецот ги прекрши клупските правила, па сега најверојатно ќе биде суспендиран поради своето неодговорно однесување.
Имено, Робен за прв пат во последните шест месеци беше во стартниот тим на Баварците, но после разочарувачкото прво полувреме Анчелоти го извади од игра и на негово место го стави Томас Милер.
Италијанскиот стратег на пресконференцијата истакна дека Робен е лесно повреден, но денешните информации говорат сосема спротивно.
Германските медиуми тврдат дека Робен се навредил поради фактот што бил изваден од игра и на полувремето го напуштил стадионот во Минхен. Тоа значи и грубо кршење на клупските правила, па останува да видиме дали Баерн ќе го санкционира Холанѓанецот.