Дома Фудбал Англија Рио Фердинанд се јави на Твитер и му понуди помош на Руни

Рио Фердинанд се јави на Твитер и му понуди помош на Руни

0

Англискиот напаѓач Вејн Руни се наоѓа на чекор до враќање во Англија.

Руни моментално игра во САД за ДЦ Јунајтед, но очигледно има голема желба да се врати во Англија. Островските медиуми пренесоа дека Руни постигнал договор со Дерби и е на чекор до трансфер во клубот од Чемпионшип.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед денеска беше на преговори и наводно бил постигнат договор да дојде во Дерби како играч-тренер. Наводно, препрека за враќање во Англија нема и се очекува Руни во јануари да се приклучи на екипата на Дерби.

Дека има вистина во тоа најдобро покажува и објавата на Фердинанд кој се огласи на Твитер. Својот поранешен соиграч од Јунајтед го запраша дали ќе му треба превоз кога ќе тргне за Дерби.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Геа дефинитивно го пропушта дербито со Ливерпул

Во Манчестер Јунајтед може да здивнат затоа што повредата на Давид Де Геа не е од посериоз…