Дома Фудбал Останато Рио Фердинанд и Вејн Руни во судир поради голот на Роналдо

Рио Фердинанд и Вејн Руни во судир поради голот на Роналдо

Ибра истакна дека голот на Роналдо е убав, но му порача да се обиде од 40 метри алудирајќи на своето ремек дело против Англија. Рио го кажа своето во еден ТВ пренос, а потоа му стигнала и порака од Вејн Руни.

Рио Фердинанд и Вејн Руни имаа расправа околу својот поранешен играч за голот кој го постигна во Торино.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во вечерта во која Роналдо го воодушеви светот, Рио како стручен консултант зборуваше дека е неверојатен начинот на кој Роналдо го постигна голот и дека уште еднаш покажал колку е физички спремен.

„Извини Вазо, но немој да го споредуваш својот гол против Сити со овој на Крис“, изјави Фердинанд во програмата.

Веќе новиот ден Рио добил порака.

„Да, му напишав порака на Рио и му објаснив дека мојот гол е подобар, потешко е на таков начин да ја зафатите топката. Дефинитивно, мојот е подобар“, убеден е Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одличен старт за Бабунски – постигна гол на дебито за Ниреѓихаза

Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски имаше добар старт во новиот клуб –…