Фудбалерот на Волфсбург, Рикардо Родригез, одлучи да ја одбие понудата на ПСЖ, бидејќи од летниот период сака да оди во Интер.
Нероазурите постигнаа устен договор со левиот бек на Волфсбург, Рикардо Родригез, кој ќе премине во редовите на Интер на крајот од сезоната во трансфер тежок 22 милиони евра.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Calciomercato пишува дека Родригез добил понуда и од ПСЖ, но одлучил да ја одбие, бидејќи веќе бил цврсто решен да заигра за Интер.
Родригез е швајцарски репрезентативец, има 24 години, а претходно играше за Цирих.