Дома Фудбал Останато Рибери не може да прежали: Роналдо ми ја украде „Златната топка“

Рибери не може да прежали: Роналдо ми ја украде „Златната топка“

Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери не може да прежали што не ја добил „Златната топка“ за најдобра играч во светот за 2013 година.

Кристиано Роналдо и Лионел Меси изминатата деценија освоија по пет „Златни топки“. Рибери смета дека Португалецот му ја „украл“ наградата за најдобар играч во светот за 2013 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Интересно во тој избор, кој тогаш се уште заедно го организраа ФИФА и весникот „Франс Фудбал“, како втор заврши Меси, а Рибери беше трет.

„Никогаш нема да го прежалам тоа, едноставно тоа е најголемата неправда. Таа година со Баерн освоив три трофеи, повеќе од тоа не можев да направам“, изјави Рибери, потенцирајќи дека не му е лут на Роналдо.

„Едноставно неговата земја застана позади него, лобираше, Франција не сакаше јас да ја добијам наградата“, заклучи поранешниот француски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хит во Италија: Голман одбрани четири пенали и беше херој на својот тим (Видео)

По 120 минути игра, мечот помеѓу Пиза и Чезена заврши без голови, па победникот се решаваш…