Франк Рибери се уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Легендарниот француски фудбалер после повеќе од една деценија го напушти Баерн и на големо траеа потрагата по неговиот нов клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Се поврзуваше 36 годишниот напаѓач со многу клубови. Се споменуваа тимови од МЛС, Саудиска Арабија, Холандија, Русија, а сега во игра се вклучи и Фиорентина.
Членот на италијанската Серија А според тврдењата на Џанлука Ди Марцио е сериозен во намерата да го доведе Рибери и тоа ќе се обиде да го направи во наредните денови.
Сигурно дека Рибери со своето искуство би придонесол многу во Фиренца, а останува да се види дали на крајот тоа и ќе се случи.
Рибери во текот на кариерата во Минхен одигра 425 натпревари и оствари учинок од 124 гола и 182 асистенции.