Македонија денес со почеток од 17:00 часот одигра пријателски натпревар против селекцијата на Финска.
Во Турција на „Глорија Арената“, Македонија и Финска одиграа без голови и ова беше шести натпревар без пораз на избраниците на Ангеловски, но проблемот е во нападот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Следниот тест е Азербејџан за четири дена и ќе мораме многу подобро во офанзивата.
За првиот директен удар на нашата селекција кон голот на Финците чекавме до 31 минута и беше упатен од дефанзивецот на Шкендија, Висар Муслиу.
Најдобрата прилика на натпреварот ја имавме во вториот дел после скоро еден час игра. По акцијата на Несторовски топката дојде до играчот на Динамо Загреб, Аријан Адеми кој излезе сам пред чуварот на мрежата на противникот, но за жал не погоди.
До крајот се обиде и Несторовски од слободен удар, без посериозна закана, додека Финска се закани на 15 минути пред крајот на натпреварот преку Робин Лод.