Дома Фудбал Италија Рекорд во Италија: „Машината“ Пиатек го стигна Виери!

Рекорд во Италија: „Машината“ Пиатек го стигна Виери!

Полскиот напаѓач Криштоф Пиатек е апсолутна сензација оваа сезона во Серија А, а попладневе сруши уште еден рекорд.

Џенова загуби на домашен терен од Парма со 1:3, но Пиатек го постигна својот 9-ти гол оваа сезона и тоа на само седум натпревари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Полјакот даде и 4 гола во куп натпреварот против Лече, па има вкупно 12 гола оваа сезона.

Пиатек со денешниот гол го израмни рекордот на Бобо Виери, кој во сезоната 2002/03 постигна гол на првите седум меча во Серија А.

Апсолутниот рекорд го држи Габриел Батистута, кој во сезоната 1994/95 постигна гол на секој од првите 11 меча во првенството.

Новата ѕвезда е родена – Криштоф Пиатек!

https://youtu.be/NM5NizpUh_w

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сер Алекс Фергусон „има порака“ за Рубен Аморим што да прави со Гарначо по заканите за бојкот

Рубен Аморим би можел да се одлучи за некои многу остри тактики кои ги користеше сер Алекс…