Дома Фудбал Англија Редок случај: Ги одби Барса и Ливерпул поради Вулверхемптон

Редок случај: Ги одби Барса и Ливерпул поради Вулверхемптон

Во последно време ретки се фудбалерите кои ги одбиваат понудите на европските гиганти поради верност кон клубот.

Последниот таков пример е Адама Траоре, кој летово ги одбил понудите на Ливерпул и Барселона за да остане во Вулверхемптон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа „волците“ сакаат да го наградат и веќе спремија нов договор со значително зголемување на платата.

Според медиумите, „волците“ се подготвени на 24-годишниот Шпанец да му понудат 4-годишен договор со плата од 110 илјади евра неделно.

Траоре во Вулверхемптон пристигна пред две години од Мидслборо, а претходно играше за Астон Вила и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Серхио Рамос пристигна на место да ја купи Севиља

Шпанската легенда Серхио Рамос пристигна во Севиља за на лице место да води преговори окол…