Дома Фудбал Реал се сретна со навивачите: Ова период кога ни е потребна поддршка

Реал се сретна со навивачите: Ова период кога ни е потребна поддршка

Управата на Реал се сретна со претставниците на навивачката група „Града Фанс“ во желба да се смират тензиите на реалција навивач-клуб.

Навивачите за саботниот натпревар против Ваљадолилд најавија протест разочарани од играта на тимот и однесувањето на капитенот Серхио Рамос (тука).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ова е тимот кој ја освои Лигата на шампионите и сега кога ни е најтешко, потребна ни е вашата поддршка. Молчењето не е опција“, наводно им порачале луѓето од таборот на Реал на претставниците на навивачите група на состанокот во Мадрид.

Навивачите на Реал наводно размислувале и за алтернативен начин, па не е невозможно трибината зад голот во саботниот натпревар да биде празна, а членовите на оваа група да бидат сместени на различни места на стадионот.

Иначе станува збор за група која после распуштањето на „Ултрас Сур“ остана главна на навивачка група која е поврзана со клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прегледите на Бонифајс продолжуваат, трансферот во Милан може да пропадне

Напаѓачот на Бајер Леверкузен Виктор Бонифајс продолжува со задолжителните медицински прег…