Дома Фудбал Реал после 120 минути во финале на Суперкупот

Реал после 120 минути во финале на Суперкупот

Мадридската пресметка во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија донесе фантастичен фудбал и осум гола по 120 минути игра.

Во регуларните 90 минути мечот заврши без победник со резултат 3:3. Избраниците на Симеоне поведоа во 6. минута, Ермосо по еден корнер донесе 0-1. Но по само половина час игра „кралевите“ дојдоа до пресврт со головите на Рудигер и Менди.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Гризман со мајсторија израмни на 2:2, а во второто полувреме Рудигер си постигна автогол за предност на Атлетико. Карвахал израмни во 85-та минута и го донесе мечот во продолженија.

На новниот истек, во 122. и во 125.минута Реал постигна два гола, најпрво преку Хоселу, а конечните 5:3 ги постави Брахим Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман од англиски гигант доаѓа во Интер целосно бесплатно!

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, н…