Дома Фудбал Лига на шампиони Реал победи, но Шпанците удрија по Модриќ – го заврши своето!

Реал победи, но Шпанците удрија по Модриќ – го заврши своето!

Реал Мадрид вчера во возбудлив натпревар со 3:2 славеше против Наполи, а во овој натпревар Лука Модриќ конечно доби шанса откако два натпревари во низа остана на клупата. Такво нешто претходно му се случило пред 11 години.

Модриќ не настапи во натпреварите против Лас Палмас и Жирона во Ла Лига, откако претходно не беше на нивото против Атлетико Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И по овој натпревар Хрватот е критикуван, па така најпознатите шпански медиуми излегоа со став дека Модриќ го одиграл своето во Мадрид. Шпанската „Марка“ го оцени со очајна „петка“, таква оценка добија и Кепа и Начо од првиот тим и резервистот Ферланд Менди.

За Шпанците овој натпревар е уште еден доказ дека Модриќ едноставно потонал во хиерархијата во Реал.

Со оглед на годините на Модриќ не му се даваат многу шанси дека ќе ја врати старата форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…