Дома Фудбал Реал објави видео: Утре играме против Барселона и судиите, ова се доказите

Реал објави видео: Утре играме против Барселона и судиите, ова се доказите

Реал Мадрид се одлучи на ретко виден потег пред утрешниот реванш во „Копа дел Реј“ каде што ќе игра против Барселона, во првиот натпревар „кралевите“ беа поразени со 0:1.

Актуелниот шампион на Шпанија пред овој натпревар монтираше видео во траење од 2:40 минути. На видеото може да се видат огромни грешки на нивна штета кои во изминатите години ги донеле Хуан Мартин Мунуера кој ќе биде главниот судија во „Ел Класико“ и Хозе Луис Гонзалез Гонзалес, кој ќе му помага од ВАР собата.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


„Мартинез Мунуера ќе биде главен судија во „Ел Класико“, а Гонзалез Гонзалез ВАР судија…Каква случајност! Правда ни дели тандем од кој мадристите имаат најлоши спомени“, потсетува Реал на каналот на клупската телевизија и истакнува:

„Тоа е судиски пар кој го оштетил Реал најмногу во поновата историја, а тоа е во натпреварот Реал – Севиља во сезоната 2020/2021, кога нивните грешки ни ја одземаа титулатаво Ла Лига. Мартинез Мунуера и Гонзалез Гонзалез тогаш направија дури шест одлучувачки грешки на штета на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено што му кажал Белингем на судијата за да добие црвен картон

Веројатно вечерва во Мадрид, барем во онаа област каде што се навивачите на Реал, нема поз…