Иднината на Пол Погба и ова лето е главна тема на трансфер пазарот, особено откако Французинот отворено призна дека е спремен да за нов предизвик во кариерата.
Иако на големо се шпекулираше дека Пол Погба кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, сепак тоа нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ пренесува дека кралскиот клуб се откажал од намерата да го ангажира фудбалерот на Манчестер Јунајтед затоа што стравувал дека со евентуален скап трансфер би можел да ги наруши правилата на Финансискиот фер плеј.
Тоа значи дека Јувентус останува единствен клуб кој во моментов е заинтересиран за Французинот, а и самиот Погба би сакал да се врати во Торино.
Меѓутоа, „бјанконерите“ не се спремни да платат 150 милиони евра колку што бара Јунајтед, па ќе се обидат во зделката да вклучат некој свој играч како Дибала или Даглас Коста.
Real Madrid have now pulled out of the race to sign Paul Pogba as they feel that they can't get past the Financial Fair Play restrictions to make a deal happen. (Source: MARCA) pic.twitter.com/pQTvANft2w
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 22, 2019