Дома Топ вести Реал Мадрид сака уште еден талент на Борусија Дортмунд

Реал Мадрид сака уште еден талент на Борусија Дортмунд

Реал Мадрид сигурно нема да застане со трансферот на Џуд Белингам и сега сака да го засили нападот.

Шпанските медиуми откриваат дека „кралевите“ сакаат уште една ѕвезда на Борусија Дортмунд, а станува збор за Карим Адејеми.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


21-годишниот германски фудбалер пристигна во Борусија од Салцбург и веднаш почна да го покажува својот квалитет.

„Билд“ пренесува дека Реал е силно заинтересиран за Адејеми и веќе подолго време ги следи неговите настапи.

Борусија нема лесно да се откаже од својот „бисер“ и за неговата слобода бара 80 милиони евра, но сака да го задржи барем уште една година.

Реал ги информирал колегите од Дортмунд дека е заинтересиран и сака да има предност во преговорите при евентуален трансфер на младиот Германец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…