Дома Трансфер зона Реал Мадрид и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Милан

Реал Мадрид и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Милан

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Милан, Франк Кеси, пренесува „АС“.

Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 9 милиони евра.

Реал Мадрид и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата и сакаат да го донесат Кеси во своите редови, особено поради фактот што на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.

Весникот не ја исклучува можноста двата клуба да испратат понуда за Кеси уште во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…