Дома Фудбал Останато Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа, 5-ти пат во својата историја.

„Кралевите“ заслужено стигнаа до трофејот и од самиот старт доминираа на теренот. Во првото полувреме создадоа неколку добри шанси, а до предност стигнаа преку Алаба во 41-та минута.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ајнтрахт во второто полувреме се обиде да постигне гол, но не успеа да создаде поголеми шанси, а точка на мечот стави Бензема за конечни 2:0.

Ова за Бензема беше историски гол и го надмина Раул на вечната листа со 324 гола и сега е на второто место, а пред него е само Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Раководството на Баерн од Минхен веќе неколку недели безуспешно се обидува да ангажира кри…