Реал Мадрид се обидува летово да се ослободи од фудбалерите кои не му се потребни и за кои повеќе нема место во тимот.
До крајот на преодниот рок раководството ќе се обиде да ги продаде Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Најтешко сигурно ќе биде заминувањето на Дијаз, кој пристигна во Мадрид во 2018 година од Лион за 21,5 милиони евра и потпиша петгодишен договор со плата од 4,5 милиони евра, а Реал е подготвен да го даде бесплатно.
Сепак, проблемот е што Дијаз не размислува за заминување, тој ги одби сите досегашни понуди и е решен да остане во клубот до истекот на договорот.
Проблем е што ниту еден друг клуб не може да му ја гарантира на напаѓачот платата која му ја дава Реал.