Дома Фудбал Реал Мадрид без Крос на отварање на сезоната

Реал Мадрид без Крос на отварање на сезоната

Реал Мадрид до половината на септември не ќе може да смета на германскиот играч за врска Тони Крос.

Германецот одлучи да оди на операција со цел да го реши проблемот со препоните кој го мачи некое време. Ова можеби ќе биде причина Реал да ја исполни желбата на Анчелоти да биде доведен уште еден играч за врска.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дека ќе прави пауза Крос потврди на социјалните мрежи. Со оваа повреда Крос има проблем подолго време, па се надева дека после оваа операција нема да има посериозни проблеми кои ќе го одалечат од терените.

Крос и во новата сезона се очекува да биде еден од најважните фудбалери на „кралевите“, нешто што е подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а сега на 26 години може да ја заврши кариерата

Според информациите на PUNCH Sports Extra, германските клубови Вердер Бремен и Баер Леверк…