Дома Трансфер зона Реал кешира 110 милиони: Феноменалниот напаѓач на чекор од „Бернабеу“

Реал кешира 110 милиони: Феноменалниот напаѓач на чекор од „Бернабеу“

Реал не се откажува од Мауро Икарди.

Мадриѓаните веќе долго време се заинтересирани за Аргентинецот, но до сега не имаа среќа во преговорите. Како што оваа сезона бележат очајни резултати, свесни се дека мораат нешто да сменат пред се во нападот, каде што мака мачат со реализацијата и покрај звучните имиња во составот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Клубот на лето може да го продаде Бензема, бидејќи се незадоволни од неговиот учинок оваа сезона. Французинот во 20 натпревари постигна само пет гола, што е неприфатлива статистика за напаѓач кој игра во клуб каков што е Реал.

Во главниот град на Шпанија сметаат дека на неговото место далеку подобро би се снашол Икарди и управата одлучила да понуди за него 110 милиони евра. Се смета дека тоа е сума која Италијанците тешко би ја одбиле. Во случај на договор, Аргентинецот би требало на лето да пристигне во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан спрема понуда за Арда Гулер

Милан е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, пренесуваат …