Мачниот и лош однос помеѓу Герет Бејл и Реал Мадрид наскоро може да го има својот крај.
Велшанецот има исклучително лош однос со тренерот Зинедин Зидан, кој сака да се ослободи од Велшанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека 31-годишниот Велшанец сега е многу блиску од заминување од „Сантиаго Бернабеу“.
Зидан експлицитно побарал од раководството да се ослободи од Бејл бидејќи според него е „токсичен“ во соблекувалната и ја нарушува атмосферата во клубот.
Бејл има уште две години договор со „кралевите“, а клубот сега е спремен да му ја плаќа половина од платата само да си најде нов клуб и да замине.
Real Madrid will subsidise half of Gareth Bale's £600,000-a-week salary to grant him his wish of returning to the Premier League this summer. (Source: Telegraph) pic.twitter.com/iIXwP7IXl0
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 9, 2020