Дома Фудбал Германија Реал е во минус, но го постигна првиот договор во летниот преоден рок со Баварците

Реал е во минус, но го постигна првиот договор во летниот преоден рок со Баварците

Баерн веќе го договори пристигнувањето на Леон Горецка од Шалке следното лето без обештета, а сега е на пат да заврши уште еден договор на лето.

Имено, Баварците од Реал Мадрид ќе го откупат Хамес Родригез кој изминатото лето пристигна на двегодишна позајмица.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн ќе ја активира откупнината од договорот и на Мадриѓаните ќе им исплати 32.500.000 евра по однапред договорена цена. За потсетување, веќе платија 5 милиони евра за позајмица во текот на оваа сезона, така што целиот трансфер на Родригез ќе ги чини 37.500.000 евра. Исто така, Баерн на себе ќе го преземе договорот на Колумбиецот чија годишна плата ќе чини 8 милиони евра.

Родригез процвета по пристигнувањето на Јуп Хајнкес на клупата на Баварците и стана еден од клучните играчи кај новиот тренер. Иако Хамес беше етикетиран како засилување на бившиот тренер Карло Анчелоти и се шпекулираше дека ќе биде прешкртан кај Хајнкес, се случи сосема спротивното. Родригез експлодира и ги задоволи сите во клубот, па е логично да посакуваат да го откупат.

Реал на крајот ќе загуби преку 40 милиони евра на Родригез, со оглед на тоа дека во 2014. година го донесе од Монако за 80 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…