Дома Топ вести Реал ги сака Зидан и Мбапе во „пакет“

Реал ги сака Зидан и Мбапе во „пакет“

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да и се врати на тренерската работа.

Зидан имаше неколку понуди од европските гиганти, кои ги одби во изминатиот период, а откако се повлече од функцијата во Реал Мадрид во мај 2021 година, тој е без работа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека Зидан на лето би можел по трет пат да се врати на клупата на Реал Мадрид.

Зидан е прв избор за претседателот Флорентино Перез, а во „кралскиот“ клуб веруваат дека така ќе можат полесно да го привлечат Килијан Мбапе.

Зидан со „кралевите“ ја освои Лигата на шампиони три пати, како и Ла Лига, Суперкупот на Европа, Суперкупот на Шпанија и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…