Во фантастичен натпревар Манчестер Сити го победи вчера Реал Мадрид со 4:3 и обезбеди предност пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.
Манчестер Сити после десет минути имаше 2:0 благодарение на головите на Де Брујн и Габриел Жесус. Реал преку Бензема намали на 2:1 до крајот на полувремето. Фоден во 53. минута погоди за 3:1, но само две минути подоцна Винисус го врати Реал на „минус еден“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму при голот на Бразилецот забележан е една вирална реакција на Гвардиола кој во очај гледа како Винисиус поминува покрај искусниот Фернандињо по левата страна, а потоа излегува пред Едерсон и ја погодува мрежата. Фернандињо го замени повредениот Стоунс во 36. минута, па иако тоа не е негова природна позиција мораше да игра како десен бек.
Во продолжение конечните 4:3 ги поставија Бернардо Силва и Бензема.
Pep Guardiola’s reaction to Vinicius’s dummy 🤣 pic.twitter.com/LVv64SjFh2
— S. (@utdz0ne) April 26, 2022