Дома Фудбал Останато Рајола е вистински цар – Погледнете колку заработи од трансферот на Лукаку во Јунајтед

Рајола е вистински цар – Погледнете колку заработи од трансферот на Лукаку во Јунајтед

Белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку е нов играч на Манчестер Јунајтед.

Одличниот фудбалер во редовите на „Црвените ѓаволи“ ќе пристигне од Евертон за 75 милиони фунти и сигурно дека ќе претставува големо засилување за екипата од „Олд Трафорд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Работата околку трансферот ја заврши познатиот менаџер, Мино Рајола. Очекувано, него му припадна и голем „колач“ од трансферот, а Јунајтед за неговите менаџерски услуги ќе мора да плати 12 милиону фунти.

Токму парите беа причината Лукаку да заврши во Јунајтед, а не во Челзи. Тимот од Лондон одби да исплати дополнителни пари за услугите на Рајола и на крајот Белгијанецот заврши во Манчестер.

Холандскиот менаџер од италијанско потекло така ќе има три фудбалери во дресот на Манчестер Јунајтед. Минатото лето на „Олд Трафорд“ ги доведе Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Хенрик Михтарјан, а во џебот стави повеќе од 50 милиони евра провизија.

Новиот трансфер му донесе вистинско богатство. Неговата сметка ќе биде побогата за 12 милиони фунти и без никаков сомнеж, познатиот менаџер уште еднаш направи одлична работа.

Лукаку во следните денови и официјално ќе потпише договор со Јунајтед, а во клубот најверојатно ќе го носи дресот со број девет, кој последната сезона го носеше Златан Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…