Дома Фудбал Рафа Бенитез веќе утре може да биде промовиран во новиот клуб!

Рафа Бенитез веќе утре може да биде промовиран во новиот клуб!

Успешниот стратег се чуствуваше предаден од страна на Њукасл.

Рафа Бенитез пред неколку дена го напушти Њукасл, а подоцна и откри дека повеќе пати е изигран од страна на сопственикот Мајкл Ешли.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Поранешниот тренер на европските гиганти како Реал Мадрид, Наполи, Челзи, Интер и Ливерпул нема да остане долго време без ангажман.

Според пишувањето на „Марка“ наскоро ќе седне на клупата на Далијан Џифанг. Кинеските медиуми пишуваат дека официјалната конференција на која овој клуб ќе го претстави Бенитез може да биде одржана веќе утре.

Бенитез така ќе го превземе богатиот клуб кој во своите редови има играчи како Јаник Караско и Марек Хамшик. Словакот веќе соработуваше со Бенитез во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…