Утрово како „гром од ведро небо“ се појави веста дека Леброн Џејмс го реализирал преминување во ЛА Лејкерси.
„Кралот“ потпиша договор со Лејкерси на четири години, но изгледа тука не е крајот на заминувањата од редовите во ицешампионот на НБА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извесно е дека без Леброн, Кливленд во наредната сезона ќе биде тим кој конкурира за долниот дел на табелата. И без Кевин Лав и со него Кавси тешко ќе бидат конкуренти, дури и за влез во плеј-офот.
Се уште нема информации каде би можел Лав да ја продолжи кариерата, но според некои медиуми шансите да го напушти Кливленд се големи.
Доколку неговото заминување се претвори во реланост во една година Кливленд би ја загубил големата тројка Ирвинг, Џејмс, Лав. Ирвинг пред почетокот на минатата сезона премина во Бостон.