Дома Фудбал Англија Раниери ако го спаси Фулам од испаѓање ќе добие огромна премија

Раниери ако го спаси Фулам од испаѓање ќе добие огромна премија

ranieri

Човекот кој испиша вистинска бајка со тимот на Лестер и успеа да ја освои шампионската титула во Премиер лигата од вчера повторно работи во Премиер лигата.

Клаудио Раниери повторно е на Островот и ќе работи како менаџер на Фулам каде што го наследи Славиша Јокановиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фулам ова лето потроши голема сума на засилувања, но и покрај тоа клубот после 12 одиграни кола се наоѓа на последната позиција на табелата, па српскиот стратег ја плати цената за лошите резултати.

По претставувањето на Италијанецот на клупата англиските медиуми објавија дека Раниери ќе ја добие најголемата премија во историјата за обезбеден опстанок. Наводно, тој успеал да се договори за бонус од еден милион фунти!

Навистина станува збор за огромна премија која никогаш не била доделена на еден тренер како бонус, а да не се работи за освојување на титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…