Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник откри дека новиот менаџер Ерик тен Хаг е тој кој треба да донесе конечна одлука за иднината на Кристиано Роналдо.
Се погласни се шпекулациите дека Роналдо може да си замине од „Олд Тарфорд“ после неуспешната сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„За иднината на Роналдо треба да го прашате Тен Хаг, дали ќе одговара на неговиот стил на игра. Инаку Роналдо покажа дека може се уште да биде од голема корист за тимот. Меѓутоа, очигледно е дека тимот има потреба од нови напаѓачи. Според мене за следната сезона треба да има двајца или тројца нови напаѓачи“, изјави Рангник.
Германецот потоа истакна дека е убеден дека Тен Хаг ќе направи добра селекција и дека ќе донесе вистински засилувања на „Олд Трафорд“.