Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос признава: Играв со рака, но не беше намерно!

Рамос признава: Играв со рака, но не беше намерно!

Големата победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Борусија Дортмунд (1:3) беше обележана со еден контроверзен момент.

Домаќините со брза реакција ја пробија одбраната на „кралевите“, а ударот од левата страна го одбрани голманот на Реал, но одбиената топка го погоди Серхио Рамос во раката и тоа пред самиот гол, за потоа капитенот на шпанскиот гигант да ја исфрли од опсната зона.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Судијата процени дека оваа ситуација не е доволна за пенал, а Рамос помина без казна.

„Се се одвиваше многу брзо. Навистина, топката ме погоди во рака после одбраната на Кејлор. Но, немав никаква намера, затоа и судијата не се огласи“, зборуваше Рамос.

Реал, сезоната во шпанското првенство не ја започна на најдобар начин.

„На секои три дена имаме нов натпревар и мораме тоа да го прифатиме. Сакавме навивачите да го видат Реал во најдобро издание. Знаевме дека ова е добра прилика за нас бидејќи со години немаме победа на овој стадион. Секогаш тука имавме проблеми, но овој пат доминиравме од првата минута“, заврши Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вејн Руни: Подобар сум од Суарез, Кејн, Дел Пјеро, Ибрахимовиќ, Халанд, Левандовски…

Вejn Руни го прашаа дали се чувствува подобар од многу познати фудбалски игралци, а одгово…