Дома Топ вести Рамос може да си оди, Реал се уште не му понудил нов договор

Рамос може да си оди, Реал се уште не му понудил нов договор

Серхио Рамос без дилема е еден од најдобрите дефанзивци во светот, веќе 15 години е дел од Реал Мадрид каде стекна легендарен статус.

Рамос неколку сезони е капитен на „кралевите“ и е вистински лидер на теренот. Сепак, јасно е дека тој веќе полека влегува во финишот на својата кариера затоа што неодамна го прослави својот 34 роденден.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој има уште неколку месеци од договорот со Реал и побара истиот да му биде продолжен бидејќи смета дека уште неколку сезони може да игра на врвно ниво.

Меѓутоа, Реал Мадрид се уште не му понудил нов договор и не се започнати преговори за продолжување на соработката. Претседателот Перез сака да му понуди едногидишен договор, на што дефанзивецот не се согласува.

Во меѓувреме ситуацијата внимателно ја следат Пари Сент Жермен и Јувентус кои се спремни да му понудат богат договор на Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…