Дома Фудбал Рамос доби пофалба и заштита од таборот на Барса: Малку професионалци се на неговото ниво

Рамос доби пофалба и заштита од таборот на Барса: Малку професионалци се на неговото ниво

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба ги смета за невистинити најавите дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос имал проблеми со допинг комисијата.

„Фудбал Ликс“ неодамна пренесе информација дека Рамос паднал на допинг тест после финалето против Јувентус.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


32 годишниот фудбалер ги демантираше таквите информации и најави тужба против секој кој ќе се обиде да ја наруши неговата репутација.

Во одбрана на Рамос, сега застана и Жорди Алба.

„Постојат малку професионалци кои се на нивото на Рамос. Го даде животот за Реал и репрезентацијата на Шпанија. Сигурен сум дека направил се како што треба и дека информациите кои се појавија во јавноста се лажни. Не е мое да коментирам, но сметам дека тоа се измислици“, изјави Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид постигна договор за ново засилување во иднина – доаѓа после Светското клупско првенство

По завршување на Клупското светско првенство, Франко Мастантуоно ќе стане нов играч на Реа…