Серхио Рамос одигра фантастична сезона и е еден од најзаслужните за освоената титула во Примера.
Сепак, неговата иднина во Реал Мадрид не е сигурно бидејќи Рамос влезе во последната година од договорот, а двете страни се уште можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
34-годишниот дефанзивец има плата од 12 милиони евра, според медиумите тој од претседателот Флорентино Перез побарал плата од 18 милиони евра.
„Марка“ пренесува дека Реал му понудил продолжување на договорот само на една година, односно до 2022 година, а таквиот потег го разочарал Серхио Рамос.
Наводно Рамос добил исклучително добра понуда од кинескиот Гуангжу Евергранде од 45 милиони евра за две години.
Сега капитенот го „уценува“ Реал да му даде подобар договор, во спротивно ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.