Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарките изборија пласман на Европско првенство

Ракометарките изборија пласман на Европско првенство

Женската ракометна репрезентација ќе игра на Европското првенство откако убедливо со 37-22 славеше на гостувањето кај Азербејџан во претпоследниот квалификациски меч.

Натпреварот во Баку беше неизвесен само во првите 20 минути, кога репрезентативките на Азрбејџан се доближија на гол негатива, но во вторто полувреме Македонија покажа дека е далеку подобар противник.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најефикасна за Македонија беше Јована Саздовска со седум голови, еден помалку даде Ристовска, пет запиша Коларовска.

Во последното коло, на 7. април од 18 часот ја пречекуваме Литванија во Скопје, влезот за тој натпревар е бесплатен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…