После 60 години Италија повторно ќе пропушти еден Мундијал.
Ваквиот расплет на ситуацијата не ги погоди само Италијаните туку и големиот број љубители на фудбалот ширум светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најемотивните кои јавно истакна жалење е фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ кој со Хрватска ќе настапи на Мундијалот во Русија.
„Мислам дека не би имал што да му кажам или да му дадам совет. Тој е единствен и навистина многу даде за фудбалот. Секое дете во светот кога составува тим на голот го става него. Кога ја гледав неговата изјава по натпреварот против Шведска сакав да плачам заедно со него. Тешко е да се пронајдат зборовои со кои може да се опише како Буфон се чуствуваше во тие моменти. Голема штета е што играч како него не ќе може да се прости онака како што замислувал. Да можам би му го препуштил своето место во репрезентацијата на Хрватска“, изјави Ракитиќ.
Набрзо следуваше и одговор на Буфон.
„Драг Иван веројатно јас ќе продолжам да настапувам како голман, а мислам дека твојата идеја да настапувам за Хрватска не е баш најдобра, пред се поради вас. Шегата на страна, твоите зборува се голем подарок за мене. Ти благодарам и на тебе и на Жорди Алба, мојот дрес те чека по натпреварот“, напиша Буфон.
Dear @ivanrakitic , as a goalkeeper I might still play but playing for Croatia as a midfielder in your place might not be a great idea: I am saying it for your good sake.? Joking apart, your words have been a great gift. Thanks to you and @JordiAlba: my jersey is waiting for you
— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) November 21, 2017
Јувентус и Барселона вечерва го играат натпреварот во рамките од петото коло во Лигата на шампионите.