Дома Топ вести Ракип: Македонија е домот на моето семејство, чест ми е да играм за репрезентацијата

Ракип: Македонија е домот на моето семејство, чест ми е да играм за репрезентацијата

Ердал Ракип за прв пат е во репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на шведски Малме со потекло од Ресен ја прифати понудата на селекторот Благоја Милевски и конкурира за настап на натпреварите на македонската А репрезентација против Лихтенштајн и Германија.

25 годишниот играч од средниот ред зборува за првите впечатоци по приклучувањето на најдобриот наш национален тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Прв пат пред неколку години Благоја Милевски ми понуди да играм за Македонија. Во тој период ми требаше време да размислам. За мене е голема чест што добив понуда да играм за репрезентацијата на Македонија и донесов одлука дека сега е вистинскиот момент да прифатам. Разговаравме со моето семејство и среќен сум што ќе играм во дресот на македонската репрезентација. Македонија е домот за моето семејство и одлуката сега воопшто не беше тешка“.

Ердал вели дека соиграчите му помагаат во прилагодувањето на новата средина. Смета дека оваа репрезентација има голем потенцијал и очекува да напредува во наредните години.

„Селекторот и соиграчите ми помагаат во адаптацијата на новата репрезентативна средина. Разговараме и се обидуваме да се запознаеме подобро. Малку ми беше тешко првиот ден, но веќе е поинаку.

Ги гледав последните натпревари на македонската репрезентација.Оваа селекција игра добар фудбал, во тимот има многу млади фудбалери кои формираат одлична екипа. Јас имам 25 години, сметам дека веќе сум во зрели фудбалски години и мислам дека во следните неколку години ќе напредуваме. Се обидувам да се вклопам во тимот, но без наметнување, туку улогата да си дојде сама по себе. Оваа репрезентација ќе напредува секоја наредна година. Ништо не доаѓа веднаш. Тимот е млад и желен за докажување“.

Фокусот, вели Ракип сега е на натпреварот со Лихтенштајн, но клучно е тимот секогаш да се стреми кон победа без разлика на противникот. Во денешниот фудбал се е можно. 

„Секој натпревар е тежок. Треба да издвојуваме победа против Лихтенштајн, а потоа не очекува многу тежок меч на домашен терен против Германија. Во фудбалот секогаш има шанса за победа, но треба да се одигра максимално во текот на сите 90. минути. Но, да оставиме времето да покаже, сега сме фокусирани на мечот со Лихтенштајн. Чекор по чекор и секогаш да се стремиме кон победи“.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…