Дома Македонски спорт Ракип: Македонија игра добар фудбал, би било забавно да ја добиеме Шведска

Ракип: Македонија игра добар фудбал, би било забавно да ја добиеме Шведска

Ердал Ракип неодамна дебитираше за Македонија и ги забележа првите минути во македонскиот дрес во средбата против Лихтенштајн која ја добивме со 4:0 минатиот месец.

На последниот ноемвриски циклус Ракип не беше во комбинација за настап поради повреда. Пред баражот во кој можен противник на Македонија е и Шведска, Ракип зборуваше за медиумите и порача дека иако на нас се гледа како на аутсајдер на никого нема да му биде лесно.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„На Македонија се гледа со потценување, но мислам дека играм добар фудбал. Тоа е најважно според мене, против кого и да играме ние сакаме да ја наметнеме нашата игра. Многу фудбалери играат во странство, Пандев секако недостига во нападот, но имаме и млади фудбалери кои доаѓаат“.

Ракип ја посакува Шведска за противник.

„Во баражот има навистина добри селекции, а би било забавно ако се сретнеме со Шведска. Не би било тоа ждрепка од соништата, но сите селекции беа одлични во групите и неважно е кого ќе добиете. Нормално дека би сакал да ги избегнеме Италија и Португалија тие се најтешките. Затоа ждреб во кој би ја добиле Шведска не е идеален, но секако е подобар од Италија или Португалија“, изјави Ракип.

Ако играме со Шведска смета дека шансите ќе бидат 50:50.

„Во случај да играме против Шведска шансите ќе бидат 50:50, иако мечот ќе се игра во Шведска. Многу зависи од тоа кој ќе има подобар ден. Максималната концентрација во текот на целиот натпревар исто така е важна“, изјави Ракип.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …