Дома Топ вести Ракавицата е фрлена: Барса со „безобразна“понуда за Иско!

Ракавицата е фрлена: Барса со „безобразна“понуда за Иско!

Медиумите веќе подлго време тврдат дека Барселона покажува силен интерес за Иско, а сега тврдат дека Каталонците ја започнале операцијата за доведување на ѕвездата на Реал Мадрид.

Иско не е задоволен од својот статус во Мадрид и на лето сигурно ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“, а Барса сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Камп Ноу“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во договорот на Шпанецот со Реал има „анти Барса“ клаузула и тој може да се пресели на „Камп Ноу“ само во 2018 година, кога ќе му истече договорот.

Плејмејкерот во неколку наврати одби да потпише нов договор, а шпанските медиуми тврдат дека Барса му ветила 20 милиони евра за да чека да му истече договорот. Таа сума Каталонците на играчот ќе му ја исплатат во вид на бонуси во во текот на неговот пет годишен договор.

Новинарот на „Ел Паис“ Диего Торес, познат по одличните врски со водечките луѓе во Реал, ги потврди овие информации за каталонското радио „РАЦ1“.

Сега на потег е Реал Мадрид кој ќе направи се за да го продаде Иско на некој друг клуб, а инетерсот за Шпанецот е огромен. Во спротивно играчот ќе ја помине целата сезона на клупата и ќе замине во Барса со епитетот „предавник“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул спреми богата понуда за Пулишиќ

Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан и американски репрезентативец Кристиан…