Дома Фудбал Останато Раиола убеден: Златан останува во Европа и ќе игра уште две години!

Раиола убеден: Златан останува во Европа и ќе игра уште две години!

Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, за „Скај Спорт“ откри дека веќе добил многу понуди за својот клиент.

Покрај тоа, Раиола, смета дека и покрај повредата на коленото Златан може да игра фудбал на високо ниво уште две години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Многу клубови се распрашуваа за Златан. Тој ќе игра фудбал уште две години и 100% ќе остане во Европа“, изјави Раиола.

Ибра оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтедп остигна 28 погодоци. Договорот на Швеѓанецот со клуобот од „Олд Трафорд“ истекува ова лето и тешко дека ќе остане во клубот и после летото.

Со повредата на коленото Ибра ја заврши сезоната, а во САД беше опериран и започна со рехабилитација. Имаше многу информации за тоа дека Ибрахимовиќ се договорил со ЛА Галакси, но според зборовите на Раиола од тоа нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…