
Барселона може да добие изненадувачко засилување во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.




Имено, Мино Раиола му го предложил на Каталонците крилниот фудбалер на Реал Сосиедад, Аднан Јанузај.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Чави е запознат со можноста за привлекување на белгискиот репрезентативец и треба да реши дали има потреба од него.




Јанузај игра одлично во Сосиедад, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Клубот сака да ја продолжи соработката, но доколку не стави потпис на нов договор, сигурно ќе биде продаден во јануари.