Дома Трансфер зона Раиола негира: Ибрахимовиќ не преговара со Милан!

Раиола негира: Ибрахимовиќ не преговара со Милан!

Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, не преговара со Милан, тврди неговиот менаџер Мино Раиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се погласни се шпекулациите дека 37-годишниот напаѓач ќе се врати на „Сан Сиро“ во јануари, но сепак неговиот менаџер инсистира дека нема никаков контакт со миланскиот гигант.

„Ние не преговаравме со Милан за трансфер. Имавме многу средби со претставници на други клубови, но не со Милан“, тврди Раиола.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Раиола следната недела ќе има средба со раководството на Милан за продолжување на договорот со Бонавентура и на истата двете страни ќе се обидат да најдат заеднички јазик и за трансферот на Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот играше за Милан од 2010 до 2012 година и во тој период со „росонерите“ освои едно Скудето и Суперкуп на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…