Жозе Мурињо во редовите на Фенербахче пристигна со големи очекувања, но тимот остана без пласман во Лигата на шампионите откако беа поразени во плеј-оф двомечот со Лил.
Се најавуваше и дека во клубот покрај Португалецот на клупата ќе пристигнат и засилувања во играчкиот кадар. Сепак, спротивно од тоа турскиот гигант би можел да биде ослабен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најавите Ферди Кагиоглу е пред заминување од Фенербахче. Со овој фудбалер се поврзуваше и Јувентус кој подоцна се откажа од трансферот, меѓутоа сега во игра се вклучи Брајтон.
Информациите на дел од островските и турските медиуми се дека тој ги договорил личните услови со премиерлигашот. Трансферот според најавите би требало да изнесува околу 35 милиони евра.