Веќе подолго време Ливерпул и Салах преговараат за продолжување на соработката, но никако двете страни да си подадат рака досега, се шпекулира дека Салах бара голема плата за да остане на „Енфилд“.




На големо веќе почна да се најавува и тоа кој клуб може да биде негова наредна дестинација, меѓутоа сега Министерот за Спорт на Египет, Ашраф Соби откри какви се плановите на Салах. Неговата изјава сигурно ќе ги израдува навивачите на Ливерпул.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Се сретнав со Салах на аеродромот после натпреварот со Сенегал и неуспехот да обезбеди настап на Светското првенство. Разговаравме и му кажав да заборави што се случи и да се фокусира на работите кои доаѓаат. Мојот совет за него беше да се проба во друг клуб, но ми кажа дека неговата одлука е да го продолжи договорот со Ливерпул“, изјави Соби.