Дома Фудбал Англија Рагник: Премногу е рано да зборуваме за преодниот рок

Рагник: Премногу е рано да зборуваме за преодниот рок

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник смета дека премногу е рано да се зборува за плановите во зимскиот преоден рок.

Во првата недела на чело на Јунајтед, Рангник го победи Кристал Палас и одигра нерешено со екипата на Јанг бојс во Лига на шампиони.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Морам подобро да ги запознаам фудбалерите, зашто досега одигравме два меча, но уште е рано да зборуваме за тоа што може да се случи во преодниот рок. Имаме голем состав“, кажа 63-годишниот стратег.

Фудбалерот за врска, Пол Погба ќе се врати во Англија викендов и ќе разговара со новиот тренер, но не се очекува да се врати на теренот пред Нова година.

„Разговаравме преку телефон, но се радувам на тоа дека ќе го видам во недела. Ќе му бидат потребни уште неколку недели за да оздрави“, смета Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…